| четврток, 6 декември 2018 |

Паркирањето во скопски Центар на една сметка

parkingГраѓаните на општина Центар отсега ќе може да паркираат на сите паркиралишта што се во надлежност на „Градски паркинг“ и „Паркинзи на општина Центар“ без разлика со кои од овие две јавни претпријатија имаат регулирани односи за паркирање. Двете јавни претпријатија потпишаа меморандум за соработка.

– Граѓаните побараа, без разлика каде имаат остварено право за паркирање, да можат да паркираат и кај другата служба. Така што, ако имаат регулирано односи за паркирање со „Градски паркинг“ да може тоа право да го остваруваат и на општински паркинг – појасни градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, пред потпишувањето на меморандумот.

Според градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, меморандумот е плод на добрата соработка меѓу Град Скопје и Општина Центар и меѓу двете јавни претпријатија.

– Меморандумот е во интерес на граѓаните на општина Центар за да немаат дилема и проблеми дали ќе бидат со едното или со другото претпријатие и дали ќе паркираат во зоната што е во надлежност на „Градски паркинг“ или „Паркинзи на општина Центар“ – истакна Трајановски.

Меморандумот подразбира користење на сите паркиралишта од отворен и затворен тип на двете јавни претпријатија и се однесува само за жителите на општина Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top