| четврток, 6 декември 2018 |

Четврта победа во низа за Манчестер Јунајтед, Ливерпул конечно победи на гостински терен (видео)

Манчестер Јунајтед вечерва на „Олд Трафорд“ го победи Стоук доста среќно со 2-1 и се искачи на четвртото место на табелата. Ова беше четврти последователен пораз за избраниците на Луис Ван Гал.

Manchester United vs Stoke City

Манчестер прв го отвори резултатот со голот на Фелаини во 21 минута. Стоук успеа да израмни на пет минути до крајот на првото полувреме преку Н’Зонзи.
Во вториот дел Хуан Мата беше играчот кој им донесе нови три бода на „црвените ѓаволи“. Тој од слободен удар нафрли во казнетиот простор на противникот, топката не ја закачи никој од двата тима и таа влезе на подалечната статива.
Сепак Манчестер Јунајтед имаше голема среќа во финишот. Давид Де Хеа и Ешли Јанг беа јунаците на натпреварот бидејќи двете шанси на Маме Диуф ги извадија буквално од гол-линијата.


Marouane Fellaini Goal – Manchester United 1… by latestgoalsforyou


Goal N’Zonzi Manchester United 1 – 1 Stoke City by enteritament


Goal Mata Manchester United 2 – 1 Stoke City by enteritament

Ливерпул во Лестер успеа да слави со 3-1 по целосен пресврт на разутататот. Фудбалерите на Брендон Роџерс на несреќен начин дојдоа до негатива откако голманот Минолје со грб ја смести топката во сопствената мрежа.
Во продолжение од натпреварот Џерард и другарите покажаа дека имаат сила за целосен пресврт и со трите гола на Лалана, Џерард и Хендерсон. Со оваа победа Ливерпул се искачи на осмото место со 20 бода.

Во останатите денешни натпревари беа постигнати следните резултати:

Барнли – Њукасл 1-1, Свонси – КПР 2-0, Кристл Палас – Астон Вила 0-1, ВБА – Вест Хем 1-2

Утре 14 коло го затвараат натпреварите:

Арсенал – Саутемптон, Челси – Тотенхем, Евертон – Хул, Сандерленд – Манчестер Сити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top