Џером и Џарел Спенс знаеле дека нивните партнерки, Тиган Комптон и Франческа Еш треба да се породат во ист ден, но не верувале
дека тоа навистина ќе се случи.
Џером (21) и неговата две години помлада партнерка Тиган, први станаа родители. Во два часот наутро го добиле синот Камерон со тежина околу 3,6 килограми. Два и пол часаподоцна, Франческа Еш, девојката на Џарел, го роди Касен со тежина околу 3,2 килограми.
За да биде приказната поинтересна, децата ги породила истата бабица. Никогаш не сум слушнала дека вакво нешто се случило. Тоа навистина е чудо, рече бабицата, Барбара Капор.
Статистиките покажуваат дека веројатноста вакво нешто да се случи е еден спрема 150.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


