Малата и неверојатно убава Кристина Пименова има ангелско лице. Таа има девет години и живее во Москва. Таа е модел од својата четврта година. Со своите неверојатно модросини очи и ангелски изглед веќе ги маѓепса сите важни и познати модни имиња.
Не е чудно што Кристина веќе била на насловната страница на престижното издание „Вог бамбини“. Таа веќе имала модна соработка со големи дизајнерски марки како Роберто Кавали и Бенетон.
Освен тоа, бројот на нејзините обожаватели на социјалните мрежи е два милиона луѓе во светот, сите сметаат дека таа е најубавото дете на планетата.
Иако добива покани од секакви детски натпревари за убавина, досега нејзините родители не ѝ дозволуваат да учествува во нив. Тие сметаат дека детето не смее да стане жртва на болни амбиции од толку рана возраст.
Кристина, сепак, нема ништо против да се фотографира на модни фотосесии и тврди дека тоа многу ѝ се допаѓа.
Специјалистите во модната индустрија ѝ предвидуваат неверојатно успешна иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








