| четврток, 6 декември 2018 |

Доживотна забрана за навивачот кој го погоди Меси (ВИДЕО)

Навивачот на Валенсија кој во неделата го погоди со пластично шише Лионел Меси, ќе добие доживотна забрана за влез на стадионот.

Поради ова Валенсија издаде соопштение во кое се наведува оти доживотно ќе го забрани влезот на стадионот за личноста која го фрлила шишето и го погоди гостинскиот фудбалски ас.

– Фудбалскиот клуб Валенсија жали и го осудува настанот за време на натпреварот со Барса, кога мало шише со вода е фрлена од трибината на противничкиот играч Меси. Клубот настојува да ја лоцира личноста и на истата ќе и биде забранет влезот на „Местаља“, велат од славниот шпански клуб.

– Валенсија има нулта толеранција кон таквите престапници“, се наведува во соопштението на составот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top