| четврток, 6 декември 2018 |

Кандидатите за градоначалници потпишаа кодекс за однесување

Кандидатите за градоначалници од скопските општини и на градот Скопје потпишаа кодекс на однесување за слободни и фер избори, во организација на Институтот за парламентарна демократија и Националниот демократски институт.

– Сите партии, кандидати и членови се со еднаква одговорност пред сите закони, правила и прописи на Република Македонија. Тие ќе го осудуваат јавно и постојано секој чин на насилство и заплашување од чија било страна. Ќе го преземаат секој можен чекор за елиминирање на сите форми на изборен фалсификат пред, за време и по денот на изборите. Целосно ќе ги почитуваат законските прописи за трошоците поврзани со нивните кампањи и ќе ги објават своите жиро-сметки во согласност со овие прописи – стои, меѓу другото, во кодексот што го потпишаа кандидатите за градоначалници.

кодекс 2Според кандидатот за градоначалник за Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, потпишувањето на кодексот, меѓу другото, е позитивен чин и за самите кандидати за да нема, како што рече, непристојни обвинувања и да постои добар амбиент на овие локални избори во Република Македонија.

– Да се овозможи еден човек – еден глас, односно да не се злоупотребува волјата на граѓаните. Досега сме покажале дека можеме на фер и демократски начин да ги водиме изборите – изјави по потпишувањето Трајановски.

За Јани Макрадули, кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, ова е симболика за која изрази надеж дека ќе преработи во практика затоа што е исклучително важно, подвлече, гласот на граѓанинот да вреди и секој граѓанин слободно да ја изрази својата волја.

todorovic potpis

– Сведоци сме секојдневно дека владините министри преку ден се во функција на локалните избори, а тоа самото говори дека овој кодекс е добра волја што сакаме да направиме. Верувам дека по потпишувањето, користењето јавни фондови и ресурси, службени возила, нема да отвораат развојни проекти за време на кампањата, ќе бидат минато и со своите програми и деки ќе се натпреваруваме пред граѓаните на Скопје – изјави Макрадули.

Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба, Александар Бежовски, нагласи дека Либералната партија има проблем со пристап до медиумите и со презентација на нивната кампања.

– Сепак, кампањата се одвива на терен, во контакт лично со граѓаните и се надеваме дека изборите ќе бидат фер и нема да се случат поголеми нарушувања на изборниот процес – рече Бежовски.

toni

Актуелниот граоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, кој како кандидат на ДУИ вторпат ја бара довербата на граѓаните, смета дека ваквите иницијативи, како што е кодексот, директно влијаат да имаме подобри, фер и демократски избори.

– Одговорноста е поголема кај нас што сме дел од Владата, без разлика што ова се локални избори, но сигурно за да има целосно фер и демократски избори, потребно е сите да бидеме одговорни – изјави Меџити.

Кодексот го потпишаа и кандидатите за градоначалници од ДПА, меѓу кои и кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Мухамед Тачи, кој потенцира оти ДПА секогаш била за фер и демократски избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top