| четврток, 6 декември 2018 |

Пол Кругман: Германија и голем дел од европската елита, а не Грција, се виновни за кризата во еврозоната

greece-v-germany

Добитникот на Нобеловата награда за економија, Пол Кругман, смета дека главни виновници за кризата во еврозоната се Германија и поголемиот дел од европската елита, а не Грција.

Зошто Европа е во оваа тешка ситуација прашува Кругман во напис за весникот „Њуорк тајмс“, посочувајќи дека најголем виновник е Германија.

– Лошата состојба во срцето на Европа не доаѓа од Грција, Италија или од Франција, туку од Германија – истакна Кругман, ставајќи акцент на политиката на Берлин.

Американскиот професор смета дека за кризата во еврозоната е виновна не само Германија, туку и поголемиот дел од европската елита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top