| четврток, 6 декември 2018 |

Балотели под истрага за расизам

Фудбалерот на Ливерпул, Марио Балотели повторно се најде на удар на јавноста поради антисемитски и расистички ставови изнесени на социјалните мрежи.

Италијанецот на „Инстаграм“ за ликот од видеоиграта Супер Марио напишал дека скока како Црнец и собира парички како Евреин, но не поминало многу време и Балотели го избришал ова.

– Мојата мајка е Еврејка затоа замолчете сите, ќе ве молам – напишал Балотели на „Твитер“ по обвинувањата за расизам и за антисемитизам.

Фудбалската асоцијација на Англија покрена истрага во врска со овие ставови на Балотели, а Еврејската заедница во Британија очекува фудбалерот да биде казнет. Најмалата казна за расизам според ФА е пауза на пет натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top