Марио Балотели е многу актуелен во француската спортска јавност во изминативе неколку дена поради тоа што му пресуди на ПСЖ во големото дерби кое го одиграа Ница и ПСЖ во неделата, но сега самиот тој се погрижи да стане и вистински хит на социјалните мрежи со своето присуство на мечот меѓу Монако и Јувентус во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Вредните француски папараци го „уловија“ италијанскиот напаѓач на една од трибините на „Луј Втори“, но за да не биде се така обично се погрижи секогаш екстравагантниот Балотели кој се појавил во бизарен и крајно екстравагантен аутфит.
„Супер Марио“ го украл шоуто на трибините со навистина чудното палто кое го имал на себе, а не се чекаше долго социјалните мрежи да еруптираат и голем дел од сеирџиите да го споредат со „Принцот на Замунда“.
Scopri le differenze. #Balotelli #monacojuve #monacojuventus pic.twitter.com/ar3edTJqgB
— Carlo Minervini (@CarloMinervini) May 3, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агентот на Балотели потврдува: Марио од следната сезона ќе игра во Борусија Дортмунд!
-
Балотели и Ница со победата над ПСЖ му направија огромна услуга на Монако во трката за титулата
-
Балотели по една година мината во Франција се сели во Истанбул?!
-
Балотели повторно проблематичен: Изгледа како ништо да не сака да има со нас