Либанската армија ја уапси сопругата и еден од синовите на лидерот на групацијата Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, јави ТАСС.
Тие се уапсени додека се обидувале да ја преминат границата од Сирија во Либан, изјавија претставници на либанските сили за безбедност.
Апсењето е извршено денеска, но не е прецизирано кога поточно, а не се споменуваат ниту името и националноста на сопругата на Ал Багдади.
Либанскиот весник „Ал-Сафир“ пишува дека либанските сили ги уапсиле сопругата и синот на Багдади во координирана операција со странска разузнавачка сила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апсења поради закани со смрт на Вучиќ и неговото семејство
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Во Белгија уапсен фудбалскиот агент Драган Сиљаноски, како дел од скандалот со наместените натпревари