| четврток, 6 декември 2018 |

Во Албанија уапсен адвокат што му се заканувал на Еди Рама

Албанската полиција уапси еден адвокат, кој му се заканувал преку СМС на премиерот Еди Рама.

Полицијата во Тирана соопшти дека 58-годишниот Башким Хоџа во последните денови постојано му испраќал заканувачки пораки на мобилниот телефон на Рама.

Уапсениот адвокат изјавил дека бил под дејство на алкохол и не се сеќава на ништо.

Полицијата не ја открива содржината на заканувачките пораки.

Хоџа е познат адвокат, кој во последните години бранел високи личности од подземниот свет во Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top