| четврток, 6 декември 2018 |

Путин и Меркел во војна за Балканот

merkel i putin

Владимир Путин и Русија повторно се обидуваат да се вратат во Западен Балкан, а во тоа се обидува да ги спречи Ангела Меркел. Ова е главниот заклучок на водечките светски медиуми како што се Фајненшл тајмс, Ројтерс, Гардијан и Дер Шпигел, кои во последните денови покажуваат невообичаен интерес за подрачјето на Западен Балкан. При тоа не се работи исклучиво за реперкусиите поради ослободувањето на Шешељ, туку за геостратешкото надмудрување меѓу ЕУ и САД во однос на Русија.

Главата улога ја има Србија поради блискоста со Русија. На Запад има сѐ повеќе политичари кои врската меѓу Москва и Белград ја оценуваат како потенцијална опасност за Западен Балкан. Така, во анализата на „Фајненшл тајмс“ неодамнешната посета на германскиот претседател Јоаким Гаук на Словенија се доведува во врска со стратегијата на Берлин за сопирање на сите изразени руски влијанија во регионот.

Посетата  на Гаук ги симболизира германските интереси за југоисточна Европа. Треба да има уште такви посети, а мораме да испраќаме и експерти, дури и да не чини тоа. Русија стигнува во регионот и ние мораме да одговориме, вели членот на одборот за надворешна политика во Бундестагот, Родерик Кисветер.

Германските политичари ги загрижи посетата на Путин на Белград, а уште повеќе руската тактика на ширење на економското влијание меѓу посткомунистичките држави. Бугарија е поврзана со Русија од историски и економски причини, а Словачка и Унгарија зависат од енергентите кои им ги испорачува Русија.

Руското влијание нема да се ограничи само на Украина, туку Москва смета и на Србија, каде што постои благодарност кон Кремљ поради непризнавањето на Косово. Во минатото, поради православните врски, Русија ја доживуваше Србија како помлад брат, а во последните години Русите купија некои од најважните српски компании.

Во Берлин се вели дека Русија развива стратегија за балканските држави. Иако нема воени амбиции, во тек е медиумско-финанско-коруптивна операција, заклучува „Фајненшл тајмс“.

И агенцијата „Ројтерс“ потсетува дека Меркел неодамна предупреди на руското влијание во Србија и во другите држави на Балканот.

– Русија се обидва 25 години по падот на Берлинскиот ѕид, кој сигнализираше и слабеење на нејзиното влијалние во источна Европа, да врати од загубеното влијание.

Тоа е најочигледно од нејзината улога во Украина, но постојат многу попрефинети начини за кои Русија се определила за поранешните комунистички држави во источна Европа – преку енергетски договори по кои таа е нивниот главен снабдувач низ цврсти дипломатски врски, но и силни обиди да го придобијат јавното мислење во сѐ понепријателски наклонетиот европски континент.

Според аналитичарите на „Ројтерс“, политичката борба на Западот и на Истокот околу Србија се заострува, а српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш и отворањето руски медиумски сервис во Србија се дел од меката дипломатија со цел поправање на сликата и зајакнување на влијанието во светот.

Скриени пораки

Информациите за тајната одлука на кабинетот на Меркел за спречување на руското влијание на Балканот прв го објави „Дер Шпигел“. Неименувани официјални лица од Берлин признале дека располагаат со силни докази дека Русија се обидува да го зацврсти своето влијание на Балканот, а државите во регионот да се уверат да не стануваат членки на ЕУ. Во тајниот документ под наслов „Руско влијание на Балканот“ се опишуваат обидите на Москва за создавање цврсти односи со Србија. Освен воената соработка и испораката на енергенти, Русите сѐ почесто користат пансловенска реторија и потсетуваат на долгогодишните меѓусебни врски. Исто така, Русија сака да влијае и врз БиХ, и тоа преку поддршката на Република Српска.

-Намерата на Путин е да ги увери балканските држави да отстапат од членство во ЕУ или, пак, ако станат, во тој случај да ги застапуваат руските интереси – пишува во документот на Владата во Берлин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top