Собраниската Комисија за мандатно имунитетни прашања утре во 11 часот ќе одржи седница за Разгледување на извештајот за редовност на пратениците на седниците на Собранието во периодот од 10 мај до 10 ноември.
Претседателот на комисијата Александар Николоски ја закажа седницата на 15-от, односно на последниот ден од рокот откако претходно од генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски, му беше предаден извештајот за присуство на седниците, според кој 31 пратеник од опозицијата се во оставка.
Мандатите на опозициските пратеници се единствена точка на дневен ред за Комисијата. Според Деловникот, утре е последен ден до кога членовите на Комисијата треба да донесат предлог за одземање или не на пратеничките мандати, односно да решат дали опозициските пратеници кои шест месеци не се во Собранието се оправдано или неоправдано отсутни.
Нивниот заклучок потоа ќе се најде на пленарна седница во Собранието. За да се усвои заклучокот, за него треба да гласаат најмалку 82-ца пратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието доставија предлог за формирање Анкетна комисија
-
Граѓанин вербално ги нападна Стојаноски, Лазаревска и Тунтев, интервенираше полицијата (видео)
-
Пратениците ќе добијат уште една бенефиција: Пратеник што ќе изнајми стан во Скопје добива 400 евра