| четврток, 6 декември 2018 |

Терористи во Тунис обезглавија полицаец

тунис

Терористи во Тунис киднапираа еден полицаец, кој не бил на должност и го обезглавија, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Според локалните медиуми возилото на полицаецот било запрено од вооружени лица во областа Кеф, северозападен Тунис. Во возилото бил и братот на полицаецот. Првичната цел на вооружените лица била да ги ограбат, но откако откриле дека едниот е полицаец, го киднапирале и подоцна го убиле. Во нападот братот на полицаецот не е повреден.

Во меѓувреме Министерството за одбрана соопшти дека еден војник загинал при експлозија на мина во јужниот дел на Тунис.

Од револуцијата во 2011 година во Тунис во пораст е исламскиот екстремизам. Во изминатите две година туниската војска е во потрага по џихадисти во пограничните области, каде се чести заседите за полицајците и војниците. Во пограничните области се шверцува нафта, храна и оружје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top