| четврток, 6 декември 2018 |

Командоси ќе ја чуваат резиденцијата на турскиот претседател

 

ердоган

Новата резиденција на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара ќе биде обезбедувана од командоси, кои заедно ќе дејствуваат со дел од постоечкото обезбедување, изјави турскиот министер за одбрана Исмет Јилмаз.

Командосите кои имале специјална обука за воени мисии при исклучително тешки услови, ќе ја обезбедуваат претседателската резиденција 24 часа. Во обезбедувањето ќе бидат вклучени и сили за брзо реагирање.

Новата претседателска резиденција се состои од 1.000 соби и чинеше околу 615 милиони долари. Резиденцијата беше критикувана поради потрошените пари за нејзина изградба. Додека владините поддржувачи истакнуваат дека резиденцијата треба да биде таква за да ја демонстрира силата и престижот на Турција пред светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top