– Малезија се приклучи на истрагата на причините за несреќата на авионот на „Малезија ерлајнс“ во Источна Украина – соопшти главниот малезиски обвинител Абдула Гани Патал, пренесува ТАСС.
Во истрагата за несреќата веќе учествуваат Холандија, Украина, Белгија и Австралија. Со истрагата раководи Холандија, бидејќи две третини од вкупно 298 лица на авионот беа холандски државјани.
– Малезија доби покана да се приклучи кон истрагата на 28 ноември – јави главниот обвинител на Малезија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.