| четврток, 6 декември 2018 |

Ван Гал против „боксинг деј“

Тренерот на Манчестер јунајтед. Луј ван Гал. го критикуваше по традиција одржувањето натпревари во Премиерлигата за време на
божикните празници.

Него посебно му пречи што Манчестер во тој период за осум дена ќе треба да одигра три натпревари.

– Не е добро фудбалерите да играат натпревари на секои два дена. Овој месец ќе имаме таков распоред, но јас тоа не можам да го сменам. Сите ние имаме жени, деца, внуци и сакаме за Божик да бидеме со семејствата, а обврските не ни дозволуваат да бидеме покрај најблиските – рече Ван Гал.

Манчестер јунајтед на 20 декември игра со Астон Вила, на 26 го дочекува Њукасл, а на 28 декември гостува во Лондон кај Тотенхем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top