Стотици фанови на ѕвездата од „Брзи и бесни“, Пол Вокер, одржаа комеморација за загинатиот холивудски актер. Комеморацијата е одржана во калифорнискиот град Санта Кларита, на местото каде што пред една година се случи страшната несреќа.
Според зборовите на претставник на полицијата на местото каде што на 30 ноември 2013 година загина Пол Вокер, се собрле околу 500 лица. Иако имало силен дожд и ветер, во текот на целиот ден луѓето се собирале со цвеќиња, запалени свеќи и оставале белешки до портретот на загинатиот актер.
Таткото на Пол Вокер во интервју за весникот „И-онлајн“ раскажал дека и до ден денес не може да се опорави од страшната загуба.
– Не чувствувам олеснување, тој ми недостига сѐ повеќе и повеќе. Го чувствувам присуството на Пол секој ден – вели таткото. Според неговите зборови, да ја надмине тагата му помагаат бројните фанови на ѕвездата, кои редовно му се јавуваат и изразуваат сочувство по повод трагедијата.
– Тој имаше многу добро срце и беше добар човек. Често сум си го поставувал прашањето како сум заслужил таков син – споделил таткото на Пол.
Годишнината од смртта на Пол Вокер беше одбележана и од неговите колеги. Актерот Тајриз Гибсон напишал во блог на „Твитер“: „Те нема на земјата, но во нашите мисли ќе живееш вечно, многу ни недостасуваш“ . „Токму пред една година Бог го повика дома ангелот, го направи тоа многу порано“.
На страната на Вокер на „Фејсбук“, фановите испраќале слики, видеоклипови и омилени цитати на ѕвездата.
Актерот од филмската серија „Брзи и бесни“, Пол Вокер, загина на 30 ноември 2013 година, на 40-годишна возраст во сообраќајна несреќа. Трагедијата се случи во гратчето Санта Кларита, Калифорнија, каде што Вокер беше отиден за да учество во добротворно шоу за прибирање средства за настраданите од тајфунот на Филипини.
Во несреќата, исто така, загина и пријателот и финансиски консултант на Пол Вокер, Роџер Родас, кој го возел автомобилот на ѕвездата „порше карера ГТ“. Причината за смртта на Родас е многу трауматски повреди. За време на несреќата, возилото се движело со брзина 130-160 км/час, а биле дозволени 70.
На 3 април 2015 година ќе се одржи премиерата на седмиот дел на „Брзи и бесни“, во кој глуми и Вокер. Неколкуте недовршени сцени со актерот се снимаат со неговите браќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.