| четврток, 6 декември 2018 |

Како на флипери, Атаман изненаден и нокаутиран со баскет (видео)

Тренерот на Галатасарај, Ергин Атаман, беше погоден со баскет во глава на сосема неочекуван начин, откако кошаркар на Валенсија се обиде со нога да спречи асистенција на противничкиот бек.

Се сѐ одигра набрзина како на флипери, а настрада гостинскиот тренер, кој беше изненаден и буквално нокаутиран од бекот на Валенсија Вивес, со ненамерна асистенција на Арслан кој игра за Галатасарај.

Атаман беше во фокусот на вниманието во кошаркарска Европа, од сосема друга причина, а со изјави го навлече гневот на навивачите на Црвена Звезда. По инцидентот во Истанбул во кој загина Марко Ивковиќ, симпатизер на „црвено-белите“ од Белград, Атаман ги нарече гостинските навивачи „терористи“.

Потоа се извини, велејќи дека реагирал во афект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top