| четврток, 6 декември 2018 |

Првите студови во Полска зедоа осум жртви

pyrvite-studove-v-polsha-vzeha-osem-jertvi-271166

Осум лица починаа од премрзнување викендов во Полска, соопштува Министерството за внатрешни работи.

– Иако студовите сè уште не се толку силни, само во последните два дена во Полска од премрзнување починале осум лица, петмина од нив  во сабота – посочува министерството.

Полицијата ги повика луѓето да не ги одминуваат бездомниците заспани на улица и да се обрне внимание на возрасните, кои најчесто стануваат жртвa на нискaта температура.

За информирање на соодветните служби, отворени се специјални телефонски броеви. На 29 и 30 ноември просечната температура во Полска беше околу минус 5 степени, а во текот на ноќта паѓаше до минус 10 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top