| четврток, 6 декември 2018 |

Меси не погоди, туку го погодија со шише во главата (видео)

Лионел Меси доживеа непријатни моменти на „Месталја“ во Валенсија откако беше погоден со шише во главата од еден од навивачите на домашниот тим.

Хулиганот е фатен и доби доживотна забрана за влез на стадионите во Шпанија, а Меси, сепак, не беше сериозно повреден при победоносниот погодок на Серхио Бускетс во четвртата минута од сусдиското продолжение.

Стадионот „Месталја“ во Валенсија е познат како еден од најжешките во Европа, а Барселона, сепак, успеа да си замине со победа од 1-0 иако на главната ѕвезда во тимот Меси оваа епизода ќе му мине во непријатни спомени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top