| четврток, 6 декември 2018 |

Франгов: Ќе излеземе во пресрет на потенцијалните инвеститори во зоната „Прдејци“

Gevgelija-reportaza74-1
Општина Гевгелија е подготвена интересот за отворање производствени погони во ТИРЗ „Прдејци“ од страна на турски, германски, грчки и кинески бизнисмени да го претвори во конкретна инвестиција, рече денеска градоначалникот Иван Франгов и посочи дека во тоа локалната власт гледа потенцијал за отворање нови работни места и за развој на локалната економија.

Според Франгов, општината стои на располагање на бизнисот.

– Подготвени сме да направиме сѐ што треба од делот на урбанизацијата и дополнителната инфраструктура затоа што сакаме бизнисмените не само да пројавуваат интерес, туку и да дојдат во Гевгелија – изјави Франгов.

Од Секторот за урбанизам потврдија дека, покрај постојната ТИРЗ „Прдејци“ која зафаќа површина од 50 хектари, урбанизирана е уште една индустриска зона со површина од 90 хектари за привлекување странски инвеститори.

– Секој невработен претставува процент и за нас прв интерес е да се отворат нови работни места и да заживее целата економија во општината – нагласи градоначалникот на Гевгелија,Иван Франгов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top