| четврток, 6 декември 2018 |

Во третото тримесечје од годинава имало 6.973 слободни работни места

работа

Во третото тримесечје од годинава во Македонија имало вкупно 6.973 слободни работни места од кои најмногу или 2.533 биле во секторот на преработувачката индустрија по што следи трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли со 1.135 и транспорт и складирање со 885 слободни работни места.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најмалку слободни работни места, само пет, во третото тримесечје од 2014 година имало во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Најмногу од слободните работни места 2.278 се во деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49, по што следат субјектите со 50 до 249 вработени каде има 2.060 слободни работни места, во компаниите со 3 до 9 вработени слободни се 1.347, а во оние со над 250 врааботени 1.289 работни места.

Од слободните работни места најмногу или 2.879 се во Скопскиот регион по кој следат Пелагонискиот со 956 и Вардарскиот со 710 слободни работни места.
Најмногу се бараат работници во услужни дејности и продажба 1.871, а најмалку само 35 во секторот стручни работници во земјоделство, шумарство, рибарство и лов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top