| четврток, 6 декември 2018 |

Гарнет како Суарез и Тајсон (видео)

Вчера на натпреварот меѓу Бруклин и Чикаго малку фалеше да го добиеме кошаркарскиот Луис Сурез.

kevin garnet

Кевин Гарнет една од иконите во НБА лигата се обиде да го гризне Јокаим Ноа во меѓусебниот дуел.
Овие двајца играчи се големи ривали на теренот и познато е дека воопшто не се сакаат и нивните дуели се секогаш жестоки, и со многу физички контакти уште од времето кога беа ривали додека Гарнет играше за Бостон.

– Тој е голем играч, не сака да губи и му е тешко што во последните години постојано го победеувам. Работите отидоа малку подалеку – изјави Ноа.

Кевин Гарнет ги негираше овие изјави и секако дополни дека тоа било мала шега.

– Да сакав да го гризнам ќе поминеше полошо од Холифилд. За мене Тајсон е мало дете – изјави легендарниот ветерен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top