| четврток, 6 декември 2018 |

За ваков гол вреди да се чека цела деценија (видео)

Бразилскиот ас Бруно Перес постигна преубав погодок за Торино против Јувентус, прв за популарните „бикови“ во градското дерби на Торино од 2002 година.

Со неверојатен слалом Перес го мина целиот терен од својата до противничката половина и со прецизен удар ја погоди мрежата на Џиџи Буфон. Торино нема постигнато гол во локалното дерби со Јувентус од 2002 година, но се чини вредеше да се чека ваков гол во стилот на 24-годишниот фудбалер од Бразил.

Погледнете го ремек-делото на Перес во поразот на Торино против Јувентус од 1-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top