| четврток, 6 декември 2018 |

Уругвај: Табаре Васкез ќе го замени скромниот Мухика на претседателската функција

Кандидатот на владејачкиот Широк фронт, Табаре Васкез, го доби мандатот за претседател на државата во вториот круг од претседателските избори во Уругвај, што ѝ овозможува на левичарската коалиција да ја задржи власта.

Кандидатот на Националната партија, Луис Алберто Лакале Поу, го призна поразот откако три неофицијални извори објавија дека Табаре Васкез освоил 53 отсто од гласовите, додека за Поу гласале 41 процент од уругвајските избирачи. Веднаш потоа стотици приврзаници на Широкиот фронт ја прославија победата на главната авенија во уругвајската престолнина Монтевидео.

jose-muhika

Васкез на претседателската должност ќе го смени Хозе Мухика, познат по тоа што живее во трошна куќа и поголемиот дел од заработката ја дава во добротворни цели, а кој немаше право да биде претседател во два последователни мандата. Уругвајскиот претседател, според уставот, нема ограничен број мандати, но тие не може да бидат последователни.

Се очекува дека 74-годишнот Васкез нема значително да ја менува политиката на Мухика, а неговите главни грижи ќе бидат борбата со криминалот и подобрување на образованието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top