| четврток, 6 декември 2018 |

Мел Би: Бев 4 години во врска со жена, па што?!

mel B

Поранешната спајсица и ѕвезда од реално шоу, триесет и деветгодишната Мел Би зборувала за 4-годишната врска со жена и во таа пригода првпат открила дека е бисексуалка.

Криста Паркер, со која  била во врска, всушност, е мајка на другарка на нејзината ќерка и се запознале на училиште во Лос Анџелес.

– Имав четиригодишна врска со жена. Без оглед на тоа, седум години бев среќно мажена „за пенис“. Тој беше неверојатно момче. Знаете на што мислам. Не се срамам да признаам. Сакав да пробам нешто поинакво, па бев со девојка. Па што? – изјавила Мел Би.

Пејачката денес е во брак со Стефан Белафонте. Таа, исто така, изјавила дека е многу блиска со својот сопруг, но и дека таа е прва која дели комплименти на жени.

– Мислам дека жените се прекрасни. Луди, но прекрасни – рекла Мел Би.

Мел Би има син од бракот со Џими Гулзар, седумгодишна ќерка од врската со Еди Марфи и со моменталниот сопруг имаат тригодишна ќерка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top