Мел Би, која некогаш беше дел од групата „Spice girls” ослабе дури 14 килограми со редовно вежбање во вежбална. И токму на неден настан во Беверли Хилс, во виолетов комбинезон ги покажа резултатите од напорните вежби. Многумина прокоментираа како Мел (41), никогаш не изгледала подобро.
-Работев напорно за да изгледам вака. Верувајте ми, не беше лесно, потребна беше голема посветеност, дисциплина и волја бидејќи не е лесно да се биде единствената личност во друштвото која не пие или да се биде единствената личност која станува наутро за да трча – објасни пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.