Мирослав Илиќ не успеа да крај да го отпее планираниот репертоар на големиот концерт во „Борис Трајковски“, но не поради тоа што бил пијан, како што веднаш се раширија озборувања, туку поради здравствени проблеми. Колку за потсетување, пејачот во сите негови интервјуа гордо кажува дека одамна се ослободил од тој порок и дека последната чаша алкохол ја испил далечната 1979 година. Тој не пие со години, а на скопскиот концерт толку му било лошо што како во бунило ги отпеал последните песни.
– Ѝ се извинувам на целата македонска јавност затоа што концертот, кој, без лажни комплименти, беше преубав, морав да го прекинам малку порано од предвиденото. Жал ми е што не отпеав сè што сакав, но жив човек сум и мене може некогаш да ми се слоши. Последните неколку песни ги отпеав како во бунило, не знам како издржав на нозе на сцена – открива за „Вечер“ Мирослав Илиќ, кој по слегувањето од сцената морал да прими соодветна терапија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.