| четврток, 6 декември 2018 |

ЗНМ за медиумите на Сорос мајка, за сите други маќеа

ЗНМ прерасна во алатка, нема кој да им суди на вистинските креатори на говорот на омраза

Советот на честа на Здружението на новинари на Македонија не го осуди говорот на омраза што, според некои, бил употребен во текстот „Агенти што земаат повеќе од што заслужуваат“, објавен на порталот „Република“. Советот на честа воопшто не поведе постапка. Правилникот налагал така. Но иако Советот на честа не поведе постапка, со цел да им  удоволи на тие на кои нема кој да им суди за нарушување на етичките норми во новинарството, донесе урамнотежена, а несуштинска одлука. Да не поведат постапка, но сепак да ги задоволат страстите на подбуцнувачите и креаторите на случајот, напишаа воопштена формулација за некакво нарушување, со што докажаа дека ја преземаат улогата на инструмент, а не на независен заштитник на новинарските норми. Тоа го искористија подбуцнувачите и ергелата на Сорос, па си ставија наслови какви што ним им одговараат, без притоа тоа да кореспондира со реалноста. Инструментот ЗНМ уште еднаш ја одигра улогата за сметка на друштвото на Геровски, Кабранов и на другите платеници. Па така им се остави простор тие да донесат некаква осуда во име на ЗНМ. Порталот „Плусинфо“ и дел од проопозициските порталите  финансирани од Сорос, си зедоа за право да ја искриват вистината и секогаш да ја употребат за свои и туѓи интереси.

znm soop

 

Иако нема право да навлегува во работата на медиуми и на новинари што не се членови на ЗНМ, ЗНМ си зеде за право да даде коментар. Нејсе… Но дали ЗНМ ќе даде некаков коментар за работата на тие што постојано ги штити. Дали ЗНМ ќе реши да го осуди Геровски, или некој од колумнистите на неговиот портал, кои во секое свое излагање се служат со клевета, навреда, омраза…Ќе го осуди ли Бранко Геровски за викенд-колумната „Плачот на гомнарот“? „Џукче“, „силеџија“, „курва“, „гомнар“… Тоа, очигледно, не е ниту навреда ниту омраза кон некого. Во обратниот случај, кога „гомнарот“, го нападна Геровски, тој се обрати не само до ЗНМ, туку и до Јавното обвинителство.

gerovski prin skrin

Не е навреда ниту давањето различни епитети за новинарите на „Република“ од страна на уредникот на „Плусинфо“. Тие се „генијалци“, ама „будали“… Не е омраза ни навредувањето од страна на Геровски на сопствениот народ, само затоа што гласале за другата страна, не за таа што тој ја поддржува. Нема навреда ниту во моментот „слепци“ упатен кон сите тие што не гледаат како него на политичката ситуација во земјава. Но ете, некој проценил дека за епитетите и навредите на Геровски нема причина за поведување постапка. Веројатно таквиот говор на омраза не го гледа ниту новинарката на „Плусинфо“ Марија Васева, која од ЗНМ побарала да ѝ се суди на „Република“, т.е. некој ѝ наредил да го направи тоа. Исто така ѝ наредил и да се јави во „Република“, да се претстави лажно, да се однесува дрско на телефон. „Етички“ избегна да се претстави како новинар, односно лажно се претстави – како граѓанин и дрско и безобразно почна да испрашува кој, што, зошто и како работи во „Република“. Требало да ни значи нејзиното  името… Ете не ни значеше воопшто името, а и да ни значи… нели е етички да се претставиш, културно да поставиш прашања, да побараш изјава и да се обидеш да добиеш одговор. Нели е професионално, етички и морално да го пренесеш одговорот така како што ти е даден… Но има ли кој вам да ви суди? Нема. „Плусинфо“ е „креатор“ на говорот без омраза и навреди, кој содржи убави зборови како „џукели“, „гниди“, „курви“, „гомнари“…

Чисто како пример како граѓаните гледаат на колумната на Бранко Геровски го пренесуваме статусот од „Фејсбук“…

reakcija1

 

Тука е „физичкото лице“ Лидија Димова. Бара постапка како физичко лице, притоа ширејќи говор на омраза како политичар. Димова е пратеник, избрана на редовните избори. Зема пратеничка плата. И сè дотогаш таа ќе биде политичар, пратеник во Собранието од редовите на СДСМ. И сè додека навредите ги дава како пратеник и додека некој ги критикува нејзините политички изјави, таа не може да се претставува како физичко лице.

Од една страна критикува дека новинарите шират омраза и поднесува претставки до Судот на честа на ЗНМ само за одредени новинари и медиуми, а од друга страна таа линчува новинари само затоа што нејзе не ѝ се допаднал стилот, начинот на говорење и изразите на лицето на новинарката Душица Мрѓа, која разговарала со некој нејзин сопартиец. Ста­ви пот­пис на Дек­ла­ра­ци­ја за сло­бо­да на ме­ди­у­ми­те за по­тоа да би­де про­тив сло­бо­да­та за ко­ја збо­ру­ва и ко­ја ја ба­ра. Таа е од­ли­чен при­мер за тоа ка­ко не се по­чи­ту­ва сло­бо­да­та. Неа не ѝ се до­па­ѓа­ат нез­год­ни пра­ша­ња упа­те­ни кон неј­зи­ни со­пар­тиј­ци. Тоа е срам за но­ви­нарс­тво­то, за ме­ди­у­ми­те, срам за Здружението… Ка­ко смее не­кој да пра­ша не­што што не му е по ме­рак на „сдсмо­ве­цот“? Осо­бе­но ако се ра­бо­ти, ка­ко што уме­ат да ги де­лат тие, за „нив­на“ те­ле­ви­зи­ја. Нив­ни нај­го­лем проб­лем, се чи­ни, се „не­по­доб­ни­те“ но­ви­на­ри.

Но­ви­нар­ка­та со „нез­год­ни“ пра­ша­ња за Ди­мо­ва е „ но­ви­от стра­тег на СДСМ“. Ди­мо­ва на „Фејс­бук“ пре­диз­ви­ка ви­стин­ски линч, говор на омраза, навреда и клевета за но­ви­нар­ка­та од по­ве­ќе под­др­жу­ва­чи и акти­ви­сти на СДСМ.

Слу­ча­јов пре­диз­ви­кан од Ди­мо­ва, а под­др­жан од мно­гу дру­ги пар­ти­ски чле­но­ви и сим­па­ти­зе­ри, е еден од нај­ек­ла­тант­ни­те при­ме­ри на ја­вен линч, кој СДСМ го спро­ве­ду­ва врз но­ви­на­ри­те, иа­ко во јав­но­ста ве­ли де­ка се за­ла­га за сло­бо­да на ме­ди­у­ми­те. И до­се­га ви­со­ки пар­ти­ски функ­ци­о­не­ри на СДСМ, па ду­ри и са­ма­та пар­ти­ја, се дрз­ну­ва­ле да ети­ке­ти­ра­ат  не­кои ме­ди­у­ми во Ма­ке­до­ни­ја  ка­ко пров­ла­ди­ни и да се за­ка­ну­ва­ат со туж­би, како до новинарите лично, така и до самиот медиум.

Истата таа Димова, која од прашањето „чии интереси обработува наштетувајќи ѝ на Македонија“ се почувствува загорезена, уплашена за нејзината безбедност, пред не­ко­ја го­ди­на на сво­јот про­фил на „Фејс­бук“, ко­мен­ти­рај­ќи за па­ле­ње­то на Бу­ку­ре­шки­от до­го­вор на пло­шта­дот „Ма­ке­до­ни­ја“, на­пи­ша де­ка гру­па­та „Ма­ке­дон­ски ма­ни­фест“ тре­ба да ор­га­ни­зи­ра ко­ле­ктив­но са­мо­за­па­лу­ва­ње.dimoa-fb-500

Тоа е иста­та таа Ли­ди­ја, ко­ја пред две го­ди­ни ка­ко прет­став­ник на НВО Ма­ке­дон­ски цен­тар за европ­ско обра­зо­ва­ние во Бри­сел скан­да­лоз­но по­ба­ра уки­ну­ва­ње на средс­тва­та што Европ­ска­та уни­ја ги да­ва за под­др­шка на Ма­ке­до­ни­ја, не кри­еј­ќи де­ка е во тес­на со­ра­бо­тка со Фон­да­ци­ја­та на Со­рос. Ма­ке­дон­ска­та прет­став­нич­ка по­ба­ра уки­ну­ва­ње на фон­до­ви­те на ИПА од Европ­ска­та уни­ја по­ра­ди по­да­то­ци што ѝ се до­стап­ни са­мо на неа, а  за кои ја  ин­фор­ми­ра­ше европ­ска­та јав­ност. Вчу­до­ви­ду­вач­ко бе­ше и неј­зи­но­то ба­ра­ње Европ­ска­та уни­ја, кон­крет­но, пре­ку фон­до­ви­те на ИПА, да ја уки­не ком­по­нен­та­та за бу­џет­ска под­др­шка на Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, со образ­ло­же­ние де­ка в го­ди­на во Ма­ке­до­ни­ја ќе има из­бо­ри.

lidija dimova print2

-Што бе­ше тоа вла­де­е­ње на пра­во­то?! Мис­лам де­ка ефе­ктот ќе би­де по­до­бар ако ор­га­ни­зи­ра­ат ко­ле­ктив­но са­мо­за­па­лу­ва­ње!

Има хо­мо­се­ксу­ал­ци и има пе­де­ри… Пе­де­ри­те се на „Ка­нал 5“ кај Ми­лен­ко… 

Ова е само дел од финиот, етички пратенички речник на Димова. Дали тука има омраза, навреда, клевета, линч… проценете сами.

Сосема легитимно е Советот на честа да суди дали некој го прекршил кодексот или не. Но легитимно е тоа да го прави непристрасно и од двете страни. Сè додека џукелите, слепците и гомнарите како епитети за луѓе се дел од нормален новинарски речник, смешно е да се зборува за некаков Совет на честа. Сè додека „ Убиството на премиерот во сон“ е наслов што не шири омраза и не е линч, не може да се зборува за некаков кодекс.

znm

 

Дали ЗНМ и неговиот Совет на честа досега на стотиците објавени текстови на порталите финансирани од СОРОС во кои се шири омраза, клевета, навреда, се повикува на линч, како и загрозување на животот на јавни личности, политичари и новинари,  не најде причина и повод да реагира, да поведе постапка и да осуди? Зар е потребно некој да поднесе претставка за ЗНМ да ги отвори очите и да реагира? Што би правел Советот на честа во случај никој да не поднесува претставка до нив. До кога Советот за честа ќе биде глув и нем за нечии навреди и клевети, за нечие ширење омраза и повикување на линч?!

Во случајот за „Република“ си зема за право да коментира, иако во согласност со Правилникот, како што самите велат, немаат право да почнат постапка. Не донесоа пресуда, но си го кажаа тоа што некој сакаше да го слушне, да го добие и да го пренесе како што нему му одговара…И на крај, дали ЗНМ ќе остане нем пред извртувањето на нивната информација од страна на медиумите финансирани од Сорос?!

Република

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top