| четврток, 6 декември 2018 |

Поетскиот караван на ДПМ вечерва во Спомен-собата на Анте Поповски

Ante

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во знак на чествување на Анте Поповски, големиот македонски поет, академик, долгогодишен член на ДПМ и, во еден мандат, негов претседател. Денеска, во 19 часот во спомен собата на Анте Поповски, во Центарот за култура на Општина Ѓорче Петров, ќе настапат дваесетина поети, членови на македонската писателска асоцијација, од различни генерации.

Љубителите на поетскиот збор на оваа средба ќе имаат можност да го проследат настапот на Вера Чејковска, Зоран Анчевски, Иван Антоновски, Стојан Тарапуза, Раде Силјан, Иван Џепароски, Бранко Цветкоски, Веле Смилевски, Ресул Шабани, Драгица Најческа, Илија Велев, Христо Петрески, Санде Стојчевски, Кочо Топузоски, Љерка Тот Наумова, Братислав Ташковски, Александар Поповски, Јовица Тасевски Етернијан, Иван Чаповски, Методија Тошевски, Димитар Пандев, Јусуф Сулејман, Ристо Јачев и Тодор Чаловски.

Караванот на Друштвото на писателите на Македонија се организира во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во Македонија. Во изминатите три месеци караванот на ДПМ престојуваше во Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Велес, Радовиш и Кожле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top