Повеќе од 3.200 кандидати се јавиле на третиот по ред оглас за вработување 400 полицајци на територијата на Скопје, објави „Утрински весник“
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска го посети Центарот за обука во Идризово, каде што присуствуваше на селекцијата, односно физичките проверки на кандидатите од последниот објавен конкурс на МВР од октомври годинава. Таа изјави дека со ова ќе биде заокружена бројката од 1.100 новопримени полициски службеници, почнувајќи од 2012 година.
Според Јанкулоска, на конкурсот се јавиле кандидати од сите етнички заедници, а таа не очекува проблеми при селекциите. Таа рече дека ќе бидат доследно спроведени сите стандардизирани и ригорозни фази на селекција на кандидатите, така што по физичките проверки, на кои инаку им претходеше административната проверка според прецизно пропишаните критериуми за конкурирање, ќе следуваат психолошки тестови и здравствени прегледи.
Од пријавените, 2.703 се мажи а 570 жени. По прелиминарните тестови, дел од нив ги очекува обука, од почетокот на следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?


