| четврток, 6 декември 2018 |

Штајнмаер: Не ја гледам Украина на патот кон НАТО

НАТО

Прашањето за членство на Украина во НАТО не е на дневен ред, изјави шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер.

– За мене, членството на Украина во Северноатлантската Алијанса не може да биде на дневен ред. Во секој случај, не ја гледам Украина на патот кон НАТО – изјави Штајнмаер за германската ТВ станица ЗДФ.

Тој воедно се заложи за транспарентност за ова прашање и повика дека треба да се остане реален.

– Ние сме во центар на опасен конфликт. Ситуацијата во Украина е далеку од идеална, но во исто време натамошна ескалација останува како можност. Затоа е важно да и се објасни на јавноста со кои прашања не би требало да долеваме масло на огнот – потенцираше германскиот министер.

Украинскиот претседател петро Порошенко кон почетокот на неделава најави дека неговата земја би можела да одржи референдум за членство во НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top