| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски фолк срам: Кога нема самоконтрола, време е за надворешна контрола (видео)

1folk.jpg500

Добра лекција,
учам со протекција,
биологија,
секси анатомија.

Згоден си недвосмислено,
усно и писмено.
Не сум ти прва равенка,
јас сум студентка.

Дај покажи ми сѐ,
дај научи ме сѐ, дај испрашај ме сѐ,
мој професоре… 

Добра проценка,
значи добра оценка,
јас со насмевка
учам и гимнастика.

Згоден си недвосмислено...

Ова е песна од македонската музичка естрада. Ја пее извесна Џесика, која постојано била на турнеи преку океанот. Текстот на нејзината песна е повеќе од лош.  Аранжманот и текстот се дело на Дејан Момировски и Борче Начевски од Бокс продукција. Фолкерката од Битола се истакна – за негативните коментари и критики не и е гајле, знаела дека 90 проценти од тие што зборуваат негативно за неа доаѓале на нејзините свирки. Гајле и е само дека песната ја посветила на еден професор… кој не сака да каже…

Веројатно не ѝ е гајле ниту на Сања Ристеска која „ја заболе од оздола па нагоре“ добивајќи „слава“ со „Раке пуке, раке шлаке, се до сабајле“.

Вечерва сум џиш запалена,
барам некој да ме гаси,
кој знае тактика и
добра практика
од пожар мене да ме спаси…

Ќе бидам вечерва твојата вечера,
ти биди моето цунами…

И Сања Ристеска баш ја заболе за срамот на македонската сцена. Таа замина за Австралија. Таму слава ќе прави, зашто раке пуке, раке шлаке знаеле што значи само нашинците во Австралија.

Тука е и „Биг бос“ на Андријана Кеш

Ај што ми е убаво,
вечер ќе те видам,
ај,лелеле,
ваква не сум била,
малку сум нервозна
како да се средам
како царица

Сите ми зборат,
бегај пази се од таков,
ај лелелле
појак е од закон.

Нека е појак,
ама јас сум само своја,
да, да, да
јас сум шефица

Биг бос, манимани
стално е во амани…
Биг бос, манимани
нон-стоп е во ресторани…

Ова е само мало парче од мозаикот наречен македонски фолк срам. Очигледно самоконтрола во изборот на песни и осмислување на „инвентивни“ текстови нема. А кога нема самоконтрола, нема да има ниту крај на ваквите музички „остварувања“. Тие веруваат дека се најдобри, најзгодни, најквалитетни, а  сите што зборуваат против нив, само им љубоморат. Но кога нема самоконтрола, можеби треба да има надворешна контрола. Дали некои музички текстови не треба прво да поминат преку некоја контрола пред да им се дозволи да бидат објавени во етер и некому да го „заболи“ што „кај професорот учат со протекции, усно а и писмено“…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top