| четврток, 6 декември 2018 |

Фергусон: Полицаецот што застрела момче даде отказ

Protests continue over Michael Brown shooting

Полицаецот од Мисури Дарен Вилсон, што уби црн тинејџер и што доведе до немири во градот Фергусон, поднесе оставка и ја напушти полицијата.

Вилсон по инцидентот и убиството на Мајкл Браун на 9 август годинава беше на одмор.

Неговата отставка ја најави во петокот неговиот адвокат Нил Брунтрагер. Адвокатот изјави дека одлуката за заминување од полицијата стапува на сила веднаш.

Вилсон во август го застрела невооружениот 18-годишен Мајкл Браун, за што тврди дека го сторил во самоодбрана.

Поради одлуката на судската порота да не се покрене обвинение против полицаецот Дарен Вилсон низ САД беа организирани протести.

Адвокатот Брунтрагер изјави за Си-Ен-Ен дека Вилсон, кој тврди дека има чиста совест, едноставно не може да се врати во полиција со оглед на реакциите во јавноста за случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top