Властите во округот Сент Луис во американската сојузна држава Мисури, ја продолжија важноста на вонредната состојба во градот Фергусон за уште 24 часа, поради безбедносни причини.
Вонредната состојба беше воведена во понеделникот откако во текот на викендот во градот се случија немири за време на мирните протести во спомен на 18-годишното црномуресто момче Мајкл Браун, кое пред една година беше застрелано од бел полицаец.
Во судирите двајца демонстранти се здобија со повреди од огнено оружје, а повредени се и тројца полицајци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.