| четврток, 6 декември 2018 |

Фергусон: Сакав Гвардиола да ми биде наследник

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон денеска откри дека Пеп Гвардиола одбил да го замени на „Олд Трафорд“.

Alex-Ferguson-Manchester-United-Barcelona-Jos_2646721

Како што пренесува Дејли Телеграф, Фергусон сакаше да го донесе шпанскиот експерт уште пред доаѓањето на Дејвид Мојс.

– Вечерав со Гвардиола во Њујорк во 2012 година, но јас не можев ништо да му предложам, бидејќи моето заминување се уште не беше планирано. Му се восхитував на резултатите. Го замолив да ми се јави пред прифати понудата од некој клуб, но тој не го направи тоа и заврши во Баерн, изјави Фергусон.

Тој додаде дека за време на изборот за негов наследник во предвид биле земени многу елитни тренери вклучувајќи го и сегашниот менаџер на Јунајтед, Луј ван Гал.

– Кога почнавме да бараме замена сфативме дека неколку кандидати не ни се достапни. Очигледно беше дека Мурињо му дал збор на Абрамович дека ќе се врати во Челзи и дека Анчелоти ќе го замени во Реал. Знаевме дека Јирген Клоп е среќен во Борусија Дортмунд, додека Ван Гал ја презема холандската репрезентација. Го избравме Мојс кој беше доследен во работата со Евертон, но за жал немаше резултати според очекувањата во Манчестер, објасни 73-годишниот Фергусон кој го предводеше Јунајтед во периодот 1986-2013 освојуваќи 38 трофеи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top