23 нови ХИВ позитивни и 16 болни од СИДА или вкупно 39 нови регистрирани случаи на болни во Македонија годинава.
Според податоците на Институтот за јавно здравје во текот на годинава се регистрирани 3 смртни исходи од СИДА. Две од лицата со ХИВ/СИДА се на возраст од 10 до 19 години, 16 лица се од 20 до 29 години, 14 се на возраст од 30 до 39 години, 3 лица од 40 до 49 години, а над 60 години 4 лица.
Триесет и седум од новозаболените се од машки пол, а 2 од женски. Од вкупно регистрирани 39 случаи 20 се во Скопје, 4 во Кочани, 3 во Штип, по 2 во Свети Николе, Кавадарци и Прилеп, по 1 лице во Тетово и во Струмица и 1 странски државјанин.
Кај 10 лица имало хетеросексуален начин на пренос на ХИВ, кај 25 лица преку сексуален контакт на машко со машко лице (МСМ), кај 3 лица е непознат начинот на трансмисија, а кај 1 лице инјектирање дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.