Јосип Броз Тито и Југославија – по добро или по лошо, но на 29 ноември оние од триесетина години па нагоре, ја споменуваат СФРЈ и славењето на Денот на републиката. Скривалиштето чија што изградба ја наредил врховниот командант Јосип Броз Тито, ставувајќи до атомски напад е во фокусот на вниманието. Се наоѓа длабоко во планината Златар/ Изградбата траела дури 26 години и чинела 4,6 милијарди американски долари. НЕкогаш скривалиште, денес туристичка атракција.
Она што внатре може да се види е едноставен мебел, кој сѐ уште заштитен со проѕирен најлон, портрети од Тито и комунистичките симболи. Туристичките работници се надеваат дека овој воен објект допрва ќе им носи пари. Поединечни посети и понатаму не се дозволен. Внатре можат да влезат само организирани групи.
Јосип Броз Тито во 1953 година ја наредил изградбата на комплексот во облик на латинската буква „U“, недалеку од Коњица, сместен на оддалеченост од околу 40 километри од Сараево. За постоењето на бункерот, кој можел да издржи нуклеарна експлозија од 20 килотони – значително посилна од онаа која ја предизвикала бомбата фрлена на Хирошима – знаеле само Тито, неговите најблиски соработници и неколку војници кои што го чувале.
Атомското скривалиште 300 метри под земјата, кај народот познат како бункерот на Тито, кој се протега на површина од 6.500 квадратни метри, требало да овозможи 350 луѓе шест месеци да живеат и работат во него без допир со надворешниот свет. Имал свои генератори, снабдување со вода и систм за разладување. Претседателот на Југославија не дочека да го види комплексот со 100 спални соби и „претседателскиот блок“, дел од бункерот во кој што биле сместени неколку простории наменети исклучиво само за него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.