| четврток, 6 декември 2018 |

Баер Леверкузен со пет голови до победа против Келн

Фудбалерите на Баер Леверкузен со петте голови во мрежата на Келн беа најефикасниот тим на денешните натпревари од 13.коло од Бундес лигата.

Баер славеше победа од 5:1 против Келн, иако гостите поведоа со 1:0.

На другите дуели денеска беа постигнати следниве резултати: Шалке – Мајнц 4:1, Аугсбург – Хамбург 3:1, Херта – Баерн 0:1, Вердер – Падерборн 4:0.

На вчерашниот дуел Фрајбург – Штутгарт 1:4.

Вечерва се игра натпреварот Хофенхајм – Хановер, а ова коло ќе биде комплетирано со дуелите: Волфсбург – Борусија Менхенгладбах и Ајнтрахт – Борусија Дортмунд.

Табела: Баерн 33 бодови, Волфсбург 23, Баер Леверкузен 23, Аугсбург 21, Борусија Менхенгладбах 20, Шалке 20.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top