| четврток, 6 декември 2018 |

Ларс фон Трир: Трезен не можам да правам филмови

­ Контроверзниот дански режисер Ларс фон Трир изјави дека повеќе нема да може да прави филмови, бидејќи престанал да конзумира алкохол и дрога.

Во своето прво интервју во изминатите три години за данскиот весник „Политикен“ Фон Трир изјави дека ниту еден креативен израз на некој поранешен алкохоличар или наркоман никогаш немал каква било уметничка вредност.

Ова е прво интервју на познатиот дански режисер откако организаторите на Канскиот фестивал во 2011 година го избркаа од настанот бидејќи на конференција за новинари за промоција на филмот „Меланхолија“ шегувајќи се изјави дека е нацист.

Фон Трир, кој ја шокираше светската публика со филмовите „Антихрист“ и „Нимфоманка“, најави дека ќе биде трезен 90 дена со почеток од минатата недела и дека редовно посетува состаноци за лекување алкохоличари.

Во интервјуто за „Политикен“ Фон Трир признава дека порано пиел по литар вотка на ден, како и дека алкохолот го комбинирал со разни видови дрога со цел да биде креативен.
­

На никого не го препорачува тоа. Тоа е многу опасно и глупаво на повеќе начини, истакна данскиот режисер.

Фон Трир, кој е женет и има четири деца, изјави дека дошол до точка каде морал да избере меѓу себеси како човек и себеси како режисер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top