Како резултат на активностите на Владата за поттикнување на приватните инвеститори да градат старски домови се создаваат услови за отворање ваков дом на територијата на општина Петровец, во Катланово, информира денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Во интензивна комуникација сме со општина Петровец во насока на создавање услови за приватен инвеститор да инвестира во изградба на старски дом во општина Петровец. Издадовме слободен објект кој брзо ќе се даде на продажба со намена за отворање на старски дом во населеното место Катланово. Веќе има тројца инвеститори коишто се заинтересирани да инвестираат и во овој дел, рече Спасов.
Локацијата, рече, е на погодно место во населеното. За неа заинтересиранирте се обратиле и до МТСП и до општина Петровец.
– Верувам дека сите тие ќе аплицираат на повикот којшто ќе го објавиме за продажба на локацијата и објектот којшто ќе им се стави на располагање, рече министерот за труд и социјална политика.
Очекува овој јавен повик за продажба на локацијата да биде објавен на почетокот на 2015 година, аво текот на 2015 или најдоцна 2016 и во општина Петровец да има модерен и современ старски дом со кој, како што потенцира, дополнително ќе се подобрат условите за згрижување на највозрасните граѓани во РМ.
Министерот појасни дека ова е дел од проектот на Владата и Министерството за поттикнување на приватните инвеститори да отворат старски домови.
– Ова е дел од низата поволности коишто како Влада ги донесовме, од 1 евро почнавме по метар квадратен за локација за изградба на старски дом и приватна градинка до намалување на 95 проценти на комуналиите за изградба на ваков објект, како и поволните кредитни линии преку Македонската банка за поддршка на развојот и учество во активните мерки за вработување преку Агенцијата за вработување, рече Спасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


