Тешка сообраќајна несреќа се случи во текот на вчерашниот ден кај Катланово.
– На 11.09.2017 година околу 17:00 часот на регионалниот пат Скопје-Катланово, В.Т.(63) од с. Каратманово-Свети Николе, управувајќи патничко моторно возило „Шкода Фелиција“ со штипски регистерски таблици, изгубил контрола и се превртел, информираат од МВР.
Во незгодата се здобил со тешки телесни повреди (фрактури на десно рамо, ребро и напукнат пршлен) констатирани во Ургентен Центар-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.