| четврток, 6 декември 2018 |

Тања Савиќ се разведува?

Тања Савиќ никако не може да крене глава од проблеми на сите полиња. Само што ја врати некогашната популарност и почна да работи како некогаш, ја дочека вистински хаос во приватниот живот.

Извор близок до пејачката тврди дека таа сепак ќе се разведе. Иако и порано се спомнуваше тоа, сега тие приказни се вистински, па Тања за еден месец ќе биде слободна, бидејќи и сопругот Душан после се сфатил дека разводот е најдобро решение.

За да нема претпоставки дали тоа е точно, српските новинари се обратиле кај пејачката, која го изјавила следново:

-Немојте да ми стапнувате на маката и ве молам да не ме прашувате ништо за приватниот живот. Не сакам да коментирам ништо и да правам забава за јавноста, ракла Тања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top