| четврток, 6 декември 2018 |

Тајниот бункер на Тито атракција за туристите (фото)

Лоциран 270 метри под земја, во близина на босанскиот град Коњиќ, овој 26-годишен проект бил завршен дури во 1979 година, една година пред да почине Тито, а бил изграден по цена што е еквивалентна на нешто под 4,6 милијарди долари.

Доколку се снабдува со потребните продукти, бункерот и сега може да послужи за целта за која е наменет – овозможувајќи им на 350 луѓе да живеат и да работат шест месеци без воопшто да излезат надвор.

„Асошиејтед прес“ пишува дека влезот е скриен зад неугледна врата од гаража на осамена куќа на крајот на еден напуштен пат, ископан во планината зад куќата. На 6.500 квадратни метри таму се распослани повеќе од 100 мали спални, канцеларии и конференциски сали, декорирани со едноставен мебел и задолжителниот портрет на Тито во неговата униформа со многубројни одликувања.

tito-2_thumb_medium500_333 tito-4_thumb_medium500_337 tito-5_thumb_medium500_337 tito-6_thumb_medium500_260 tito_thumb_medium500_327 tito-8 tito-1_thumb_medium500_335

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top