Лидерот на табелата на францускта Лига 1 Олимпик Марсеј не го испушта првото место откако синоќа на отворањето на 15. коло го
победи на домашен терен Нант со 2:0.
Најдобар играч на дуелот беше Флориан Тувин, кој беше стрелец на првиот гол во 24.минута, а му асистираше на Фани при постигнувањето на вториот гол во 40.минута.
Денеска во рамките на 15.коло играат: ПСЖ – Ница, Каен – Монпеље, Ленс – Мец, Ремс – Бастија, Рен – Монако, Тулуз – Лориен. Утре ќе биде комплетирано колото со дуелите: Бордо – Лил, Евиан – Генгамп и Сент Етиен – Олимпик Лион.
Табела: Олимпик Марсеј 34 бодови, ПСЖ 30, Олимпик Лион 27, Бордо 24, Нант 24, Сент Етиен 23, Рен 22.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.