Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово е згрозен и најостро го осудува денешниот насилнички чин во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, при што од страна на група младинци од албанска националност, беа нападнати ученици од македонска националност, каде со остар предмет беше избоден еден ученик, истакна пратеничката Светлана Карапетрова на денешната прес-конференција.
-Посебно сме револтирани што овој инцидент се случи кога припадниците на албанската заедница го слават Денот на знамето. ОК на ВМРО-ДПМНЕ Тетово, ги повикува сите релеванти фактори брзо и ефикасно да реагираат со цел да се расветли случајот и виновниците најостро да бидат казнети, додаде Карапетрова.
Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Тетово упатија и апел до градоначалникот на Тетово Теута Арифи да превземе соодветни мерки по однос на денешниот настан, како и мерки за нормално и безбедно одвивање на наставата на сите учениците во општина Тетово.
-Се надеваме дека ова ќе биде последен инцидент и дека нема да се повтори во иднина, истакна пратеничката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)