| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Ништо не сме направиле ако не ја освоиме Лигата на шампионите

lazarov-500
Во интервјуто за „Мундо депортиво„ од Барселона направено со двајцата асови на Барселона, Кирил Лазаров и Гудјон Валур Сигурдсон, шпанските нoвинарски пера ги споредуваат двајцата ракометари со божествено богатство за Барселона.

„Нашиот систем на игра ми овозможува да постигнувам многу голови. Ти можеш да бидеш најдобар стрелец, но ако системот не ти нуди можност, не можеш да го покажеш својот квалитет. Задоволен сум како се одвива оваа сезона, иако ништо не сме направиле ако не ја освоиме Лигата на шампионите. Дури тогаш ќе бидам среќен“ вели Лазаров, кој со 45 гола е прв клубски стрелец и само два гола зад водечкиот во целото натпреварување, Момир Илиќ.

Капитенот на нашата репрезентација уште еднаш ја потенцираше важноста на системот на игра за успех на една ракометна екипа, а со него во целост се сложи и Сигурдсон. Исланѓанецот потврди дека екипата е под притисок за освојување на Лигата на шампионите, но и покрај тоа трофејот од Келн останува најголема цел на каталонците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top