| четврток, 6 декември 2018 |

Рекордна разводна парница во Велика Британија

razvod

Американката Џејми Купер-Хон, поранешна сопруга на британскиот финансиер и сопственик на еден хеџ фонд, Крис Хон, успеа во разводната парница пред Вишиот суд во Лондон да добие 337 милиони фунти.

Станува збор за една од најголемите бракоразводни парници во Велика Британија и највисока отштета досега пресудена од еден англиски судија.

Износот што по разводот го доби Купер-Хон е половина од вредноста на вкупниот имот на сопружниците, која е проценет на преку 700 милиони фунти.

Во текот на заедничкиот живот тие спечалиле станови и куќи во Лондон и други градови во Велика Британија, во САД, како и во регионот на Карибите.

Адвокатите на досегашната сопруга на милионерот изјавија дека и покрај рекордната „добивка“, Купер-Хон не е сосема задоволна и дека најверојатно ќе поднесе жалба, барајќи поголема добивка за себе.

Таа признава дека „нормално би требало да и припадне четвртина од вкупното богатство“, но дека сепак инсистира на половина, затоа што Џејми има партнерски договор со својот досегашен сопруг.

Крис Хон важи за еден од најдарежливите филантропи во Велика Британија, кој досега има дадено повеќе од една милијарда фунти за хуманитарни цели, преку заедничката фондација за деца.

Џејми и Крис Хон беа во брак повеќе од 15 години. Тие се разведоа во 2012 година, а дури сега судски го поделија личното богатство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top