| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионот против наjтрофеjниот, Вардар против Работнички, дерби за есенската титула

rabotnicki-vardar-1

Ка­ко што до­ли­ку­ва спо­ред но­ви­от си­стем на нат­пре­ва­ру­ва­ње во до­маш­на­та фуд­бал­ска Пр­ва ли­га, дер­би­то ме­ѓу Вар­дар и Ра­бот­нич­ки в не­де­ла од 17 ча­сот ќе од­лу­чу­ва за есен­ска­та ти­ту­ла. Нај­тро­феј­ни­от Вар­дар и акту­ел­ни­от шам­пи­он Ра­бот­нич­ки на на­ци­о­нал­на­та аре­на „Фи­лип Вто­ри“ во Скоп­је ќе би­јат би­тка за вр­вот, кој мо­мент­но им при­па­ѓа на „цр­ве­но-цр­ни­те“. Тие сла­веа во пр­ви­от ме­ѓу­се­бен меч се­зо­на­ва со 2-0 во рам­ки­те на ос­мо­то ко­ло, што бе­ше пос­ле­ден по­раз за Ра­бот­нич­ки. От­то­гаш поч­на им­пре­сив­на­та се­ри­ја на „ро­ман­ти­ча­ри­те“ кои на­ни­жаа осум по­бе­ди и се про­би­ја на вто­ра­та по­зи­ци­ја со 34 бо­да. На ред е пос­лед­но­то есен­ско, 17. ко­ло и во фо­ку­сот е дер­би­то на со­се­ди­те од Град­ски парк. Вар­дар со 37 бо­да е ли­дер, в не­де­ла и со ре­ми ќе го од­бра­ни вр­вот, но и нај­моќ­ни­от клуб кај нас, со нај­го­лем бу­џет, по­ка­жа де­ка е ран­лив, што е шан­са за акту­ел­ни­от пр­вак. Пр­ви­от по­раз се­зо­на­ва од Ре­но­ва со 0-3 во 16. рун­да ја откри сла­ба­та стра­на и на вар­дар­ци, па ќе би­де ин­те­рес­но да се прос­ле­ди дер­би­то про­тив за­бре­вта­ни­от шам­пи­он Ра­бот­нич­ки.

За ко­не­чен расп­лет и шам­пи­он­ски тро­феј е ра­но, но и есен­ска­та ти­ту­ла си има свој шмек, осо­бе­но ко­га за неа се од­лу­чу­ва на дер­би ме­ѓу град­ски­те ри­ва­ли од Скоп­је.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top